Денес се случил мал инцидент на една од галиите што се рушат во центарот на градот.
Имено, видеото го снимал сопственикот на галијата, кој ги избркал работниците од таму. Воедно како што вели тој во видеото, Петре Шилегов изгубил, во судот се уште се води постапка, па поради тоа нема да има рушење.
„Шилегов изгуби, пакувајте се и одете си! Ова е како дома да ми рушите, милион и двеста ме кошта ова“, им вели тој.
Тројцата работници тргнуваат кон скалите на галијата, а сопственикот замавнува со клоци и им се заканува со пцовки: „Кај Петре да одите, пи*ка ви ма*ер“.
Демонтажата ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“, односно фирма подизведувач. Засега нема информации дали случајот е пријавен во полиција и кои ќе бидат следните чекори на институциите.