Група Пакистанци нападнале 25-годишна жена на плажата Агиа Марина во Грција и се обиделе да ја силуваат.
Инцидентот се случил во неделата попладне, а напаѓачите снимале сè со мобилен телефон и го емитувале на непозната страница.
Според грчките медиуми, жената и нејзиниот сопруг, кој е Пакистанец, биле на плажа, а откако пливале во морето, се упатиле кон паркингот.
Откако нејзиниот сопруг отишол во киоск, жената останала сама на паркингот, кога била опкружена со шестмина Пакистанци.
Тие ѝ ја искинале облеката и се обиделе да ја силуваат, додека наводно снимале сè преку телефон и пренесувале во живо.
Жената започнала да вика и да повикува помош, но на крајот успеала да избега, по што напаѓачите избегале.
Час и половина подоцна, двајца пакистански работници (36 и 20), кои биле илегално во земјата, биле уапсени, додека по останатите четворица се уште се трага.