Инцидент во Собранието: Навреди и фрлена чаша кон пратениците (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
424 прегледи

Попладнево дошло до инцидент на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието. Според видеото објавено од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Комисијата, Арбер Адеми од ДУИ почнал физички да се пресметува со пратениците од опозицијата.

„Вака се однесува претседателот на КЕП!Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите” од власта!, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

На видеото се гледа како Адеми, кој е поранешен министер за образование, има крв на рацете, откако претходно фрла со чаша и тацна по пратениците.

Слични содржини