395
Влагата го наполни главниот град со комарци, а утре ќе има вонредно прскање на територија на градот.
Скопјани се жалат дека не може да седат надвор навечер во парковите бидејќи комарците за неколку минути ги „напаѓаат“.
„Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци.Авионската дезинсекција (вонредна) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 25.08.2020 (вторник) и 26.08.2020 (среда), во раните утрински часови.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.