Аpple ќе го претстават официјално долгоочекуваниот iPhone 7 по само неколку недели и едно од најголемите достигнувања во него ќе биде поврзано со батеријата, бидејќи тоа е една од најбараните функционалности од корисниците .

Новите информации кои протекоа на интернет откриваат дека компанијата планира да користи во iPhone 7 технологија за брзо полнење и тоа да биде уште една негово предност пред моделите со Android. Потсетуваме дека се повеќе уреди со платформата на Google се базирани на технологијата Quick Charge на Qualcomm, но тоа не единственото такво решение за нив.
Идејата на Apple да вклучат слична функционалност во iPhone 7 не е изненадувачка и тоа ќе го претвори во првиот паметен телефон на компанијата кој нуди можност за брзо полнење, коментира SlashGear. Според податоците новиот смартфон на компанијата ќе обезбеди полначи со моќност од 5V при 2A, што е стандардна вредност за таква технологија. Сеуште не знаеме дали неговите идни сопственици ќе мора да си купат дополнителен, за да ја искористат оваа функционалност.
Покрај подобрувањата во батеријата iPhone 7 ќе се обложи на идентичен дизајн со својот претходник, a истечениот слајд од презентацијата на Foxconn веќе ги откри по грешка двете задни камери на iPhone 7 Plus. Moжеме да очекуваме и дека помалата верзија на смартфонот ќе ги има истите два сензори на позадината и исто така ќе има побрз процесор и ќе се продава на пазарот и во верзија со 256GB меморија. Нема сомнеж дека iPhone 7 ќе биде еден од најинтересните смартфони кои ќе видиме во идните месеци до крајот на годината.