ИПИС на Божиновски во вистинско време со анкета во корист на ВМРО-ДПМНЕ: „Народот сака предвремени избори“

од Vladimir Zorba

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на Владимир Божиновски денеска излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов.

На прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори, 39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“.

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“, високи 21,2 отсто од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а следи СДСМ со 16,2 проценти. Опозициската партија Левица во моментов ужива доверба од 2,9 отсто од испитаниците.

За потсетување, повеќе од 600.000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања на Божиновски во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење.

Овој институт во јавноста често е застапуван преку професорот од Правниот факултет, Божиновски, кој во јавните настапи редовно ги брани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одат во корист на партијата на Христијан Мицкоски.

Слични содржини