Се зголемуваат негативните ставови кон имиграцијата во светот, покажува истражувањето на Ipsos Mori.

Се зголемуваат негативните ставови кон имиграцијата од САД до Русија, покажа истражувањето на Ipsos Mori, која се однесува на односот кон мигрантите во светот. Околу 45% од анкетираните 16 000 лица од 22 земји велат дека имиграцијата покажува негативен ефект врз нивната земја, додека 20% се на спротивното мислење, станува јасно од резултатите на истражувањето на Ipsos Mori, извршено ма интернет.
Најмногу негативен однос кон имигрантите има во Турција, Италија, Русија, Унгарија, Франција и Белгија. Во овие земји 6 од секои десет испитаници не чувствува позитивен став кон новите странци. Речиси половина од анкетираните се на мислење дека во нивната земја има премногу странци. Истражувањето ги открива тензиите што имиграциските текови ги предизвикуваат во се повеќе глобализираниот свет. Зголемените нивоа на миграција во рамките на Европската унија, беа меѓу главните причини за успешната кампања на приврзаниците на “Брекзит” при референдумот во Британија за членство во ЕУ, додека земји како Шпанија и Италија се соочуваат со поголем број економски имигранти, кои граничат со нив од Северна Африка преку морето. Грција исто се бори со прилив на бегалци кои бегаат од конфликтите во Сирија, Ирак и Авганистан преку Турција.
“Имиграцијата е глобално прашање, и многу малку земји се целосно спокојни во однос на сегашните нивоа, на контрола и влијание на масовното движење на луѓе”, гласи оценката на Боби Дафи, управен директор на социјалниот институт за истражување на Ipsos Mori.
Испитаниците исто така доживуваат сомневање кон бегалците, па четворица од секои десет испитаници сакаат затворање на границите, а шестмина од 10 велат дека терористи се прикриваат како бегалци. Во Турција, каде во последно време имаше серија од терористички напади, 83% од испитаниците прават токму таква проценка .. Истражувањето беше спроведено во периодот 24 јуни-8 јули.