Почетна / TOP NEWS / IQOS – новото име во светот на пушачите

IQOS – новото име во светот на пушачите

Во свет на иновации каде некои компании останаа назад, сепак многу голем број ги следат светските трендови и потребите и желбите на потрошувачите. Меѓу вторите, а едни од првите што заклучија дека традиционалните цигари треба да бидат минато е водечкиот гигант во индустријата, Филип Морис Интернешнал.

За прв пат, Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) класифицираше електронски производ со никотин (IQOS – ајкос) како производ со модифицирани ризик. Кој можеше пред неколку години да претпостави дека оваа ригорозна институција ќе дозволи за кој било производ на некоја тутунска компанија да се каже дека го изложува организмот на помала количина на штетни материи? Само визионерите кои знаат дека успехот честопати бара да се оддалечите од Вашето минато.

Многу научници, научни работници, но и корисници ја поздравија оваа одлука затоа што пред сѐ истражувањата укажуваат на тоа дека IQOS е суштински различен од цигарите и е многу подобар избор за оние пушачи кои не сакаат да се откажат од пушење.

Иако многу подолго на пазарот се присутни ,,вапинг” производите, сепак ниту еден од нив сеуште нема дозвола за комерцијализација од Агенцијата за храна и лекови на САД, ниту пак има дозвола да се класифицира како производ со модифициран ризик како IQOS.

И други реномирани институции ги препознаваат алтернативите на традиционалните цигари како електронските цигари и бездимните тутунски производи како подобар избор за пушачите. Во Нов Зеланд на пример, Министерството за здравство препознава дека вапинг производите и бездимните тутунски производи се подобра алтернатива за пушачите.

IQOS е систем кој го загрева, но не го гори тутунот, а со тоа значително го намалува создавањето на штетни супстанции кои се ослободуваат при горење на тутунот. Појавата на IQOS претставува иновативна, научно поткрепена револуција во тутунска индустрија. Создаден е да го овозможи истото, автентично доживување за пушачите, со ослободување на потребната доза никотин, но истовремено методот на загревање а не горење на тутунот, го спречува ослободувањето на дури 95% помалку штетни супстанции, присутни во чадот од обичните цигари.

loading...