Ирачкиот премиер: Нападите на САД врз нашата армија ќе доведат до „неодговорна ескалација“

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Ударите на Соединетите Американски Држави врз позициите на ирачката армија ќе доведат до „неодговорна ескалација“ и ќе го нарушат суверенитетот на земјата, се наведува во денешното соопштение за печатот од кабинетот на ирачкиот премиер Мухамед Шија Ал Судани.

САД вчера извршија напади врз три објекти поврзани со милиција поддржана од Иран, објави Пентагон.

Ирак смета дека американските потези се „агресивни дејствија“

Ирак ќе ги смета таквите операции како „агресивни дејствија“ кои ја поткопуваат долгогодишната соработка, се додава во соопштението на ирачката влада.

„Овие прецизни напади се директен одговор на серијата ескалирачки напади на милициите спонзорирани од Иран против персоналот на САД и персоналот на коалицијата во Ирак и Сирија“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Воениот портпарол на Катаиб Хезболах, Џафар Ал Хусеини, во објава на Х наведе дека групата ќе продолжи да цели на „непријателските бази“ до крајот на израелската операција во Газа, наведувајќи ја како причина американската поддршка за израелската кампања.

Слични содржини