Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека „Соединетите Американски Држави сами започнаа опасна војна против Иран“ откако Америка нападна три нуклеарни постројки во Исламската Република.
Министерството го даде ова соопштение во долга изјава објавена утрово, објавува Телеграф.
„Светот не смее да заборави дека токму САД – за време на дипломатскиот процес – ја предадоа дипломатијата со поддршка на агресивните дејствија на геноцидниот и беззаконски израелски режим“, се вели во соопштението на министерството.
„Сега, завршувајќи го синџирот на прекршувања и злосторства извршени од ционистичкиот режим, САД сами започнаа опасна војна против Иран“.
„Исламската Република Иран го задржува правото да се спротивстави со сета своја моќ на американската воена агресија и злосторствата на овој отпаднички режим и да ги брани безбедносните и националните интереси на Иран“, додадоа тие.