Иран демантира било каков кибер напад од САД: Сигурно тоа го сонувале

од Vladimir Zorba
104 прегледи

САД извршија тајна кибер операција против Иран по нападите на 14 септември врз нафтените постројки во Саудиска Арабија, за што Вашингтон и Ријад го обвинуваат Техеран, изјавија два американски неименувани претставници.


Тие наведоа дека операцијата била извршена кон крајот на септември и дека целта на операцијата била да се намали способноста на Техеран за ширење на „пропаганда“.

Иранскиот министер за комуникации и информатички технологии Мохамад Џавад Азари-Јахроми на денешната прес-конференција запрашан за американскиот кибер напад изјави дека (САД) „сигурно тоа го сонувале“.

Слични содржини