Иран се воздржа од соборување американски патнички авион со 35 лица, изјави денеска командантот на Револуционерната гарда, Амира Хаџизаде. Наместо тоа пукано е врз воен дрон чие соборување предизвика за малку објава на војна.

– Со американскиот дрон во регионот имаше и американски авион П-8 со 35 луѓе во него. Овој авион, исто така, влезе во нашиот воздушен простор и можевме да го собориме, но ние не го направивме тоа, рече Хаџизаде.
Претходно денеска, државната телевизија на Иран го покажа она што го нарекоа остатоци од американско воено беспилотно летало уништено од страна на Иран.
Хаџизадех рече дека деловите од леталото докажале дека американскиот дрон бил над територијата на Иран, кога бил соборен.