Иран кон САД: Нема да бидете поштедени од војна доколку продолжи конфликтот во Газа

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан предупреди денеска пред Генералното собрание на Обединетите нации дека доколку не се прекине нападот на Израел врз Хамас, ниту САД нема да бидат поштедени од војната.

Амир-Абдолахиан истакна дека доколку продолжи „геноцидот“ во Газа, како што наведе, САД нема да бидат поштедени од конфликтот, пренесе Ројтерс.

Тој им порача на американските претставници, кои ги обвини дека управуваат со, како што наведе, геноцидот во Газа, дека арапските земји не се за ширење на конфликтот во регионот, но дека САД нема да бидат поштедени од војната, доколку конфликтот во Појасот Газа продолжува.

Слични содржини