Иранскиот министер за здравство, Саид Намаки, рече дека е дадена дозвола за итна употреба на домашна вакцина против КОВИД-19, „КОВИРАН Берекет“, објави Анадолија.
За време на церемонијата на отворање на неколку здравствени проекти во Ерак, Намаки ги објави најновите информации во врска со активностите за развој на ирански вакцини.
По тој повод, тој рече дека е издадена дозвола за итна употреба на домашната вакцина „КОВИРАН Берекет“ и дека втората иранска вакцина „Пастор“ се очекува да биде одобрена следната недела, а наскоро и вакцините „Рази Ков Парс“ и „Фахра“.
Во Иран, првиот тест на вакцината „КОВИРАН Берекет“ врз луѓе беше извршен на 29 декември 2020 година, а претходно беше објавено дека се постигнати добри резултати.
Првиот доброволец за вакцината беше Тајиибе Мухбир, ќерка на шефот на научниот совет Мухамед Мухбир.
Првиот човечки тест на втората домашна вакцина, „Рази Ков Парс“, беше извршен на 28 февруари, а во првата фаза 133 волонтери добија доза на вакцина.