САД пресретнале разговори меѓу Иран и “Хезболах” , пренесе “Џерусалим пост”.

Според информациите, Исламската Република наредила либанската група да ги нападне Американците.
Во меѓувреме, иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека САД нема да ја поразат земјата со економски притисок.
“Иранската нација нема да биде поразена од САД, но Белата куќа не може да ја победи иранската нација”, рече тој на државната телевизија.