25
Иранската нуклеарна програма ќе биде една од темите на следните преговори помеѓу Русија и САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Очекуваме одделни дискусии на оваа тема. Всушност, тоа е она што беше предложено – ова да биде посебна област на нашиот дијалог, нашите консултации во иднина“, истакнал Песков.
Тој појаснил дека за време на разговорите на високо ниво помеѓу Русија и САД во Ријад, официјалните лица не разговарале детално за Иран.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за употреба на максимален притисок врз Иран, а Песков во вторникот рече дека Москва смета дека спорот меѓу САД и Иран треба да се реши преку преговори.