Ирански експерти тврдат дека украинскиот авион се обидел да се врати на аеродромот во Техеран

од Aleksandar Petrovski
305 прегледи

Украинскиот патнички авион што се урна вчера во Иран не сигнализирал дека има проблем, но се обидел да се врати на аеродромот во Техеран, јавија светските агенции повикувајќи се на прелиминарен извештај што го објави Иранската организација за цивилно воздухопловство.

Очевидци на земја и во авионите кои летале во околината им рекле на иранските иследници дека „Боингот 737“ се запалил уште додека бил во воздух.

При уривањето на авионот на украинската авиокомпанија Интернешнел ерлајнс дошло до голема експлозија најверојатно затоа што бил полн со гориво за летот до Киев, се вели во извештајот.

Украинскиот авион се урна веднаш по полетувањето кон Киев од аеродромот во Техеран. Во авионот имало 167 патници и девет членови на екипажот. Во несреќата загинаа 82 Иранци и 63 Канаѓани, како и граѓани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

Слични содржини