Ирина Шејк остави неколку тешки недели зад себе по разделбата со холивудскиот актер и режисер Бредли Купер. 33-годишната убавица беше прогласена за најдобар модел на костими за капење во светот, победувајќи ги Алесандра Амброзио и Емили Ратајковски.
Утврдено е дека Ирина заработува до 60 000 фунти од рекламирање на Инстаграм каде рекламира брендови како Louis Vuitton и брендови за костими за капење како Hunza G, соопштува Сан.
Мајката на двегодишната Леа се искачи на врвот во овогодинешната класација на Кралицата на купачите, составена од компанијата за долна облека и костими за капење “Bluebella” врз основа на тоа колку ѕвездите имаат влијание на социјалните мрежи.
Алесандра Амбросио, на 38 година, е точно зад Ирина Шејк. Бразилската убавица добива во просек околу 150 000 допаѓања со Инстаграм маркетинг, а во почетокот на годината стартуваше и сопствена марка GALL FLORIPA.
Емили Ратајковски со 23,3 милиони следбеници на Инстаграм е на трето место на листата. Иако добива околу 2 милиони допаѓања на рекламите, за неа не се смета дека е толку влијателна, бидејќи многу од нејзините следбеници се мажи.
По трите најдобри во рангирањето се моделите Ешли Греам, Кендис Суанепул, Роуз Хантингтон – Вајтли, Јасмин Тукс, Лаис Рибеиро, Нина Агдал и Лупе Фуентес.