„Исчезна“ Џулијан Асанж

од desk2
104 прегледи

 

Твитер налогот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, го снема во неделата вечерта, а корисниците на социјалните мрежи се збунети и се прашуваат што се случило.

Неколку корисници сметаат дека Асанж намерно го избришал, а некои мислат дека компанијата Твитер го суспендирала, пренесува ИБ Тајмс.

Налогот@JulianAssange не постои, а причината за сега е непозната, додека извор близок до Викиликс, вели дека не е запознат со планови Асанж да го деактивира својот налог.

Шансите Твитер да го суспендирал се мали, затоа што тој не спаѓа во категорија на поединци чии налози ќе ги деактивира.

Компанијата Твитер на 18 декември објави дека поставува нови правила за суспензија на налози, според кои ќе се тргне кој било што е поврзан со групи на омраза.

Истовремено, корисниците на социјалните мрежи изразија загриженост за безбедноста на Асанж затоа што неговиот налог исчезна само неколку дена по наводната кражба во канцелариите на медиумското одделение на Викиликс на Балтасар Гарсон.