Исчезна Жерновски !

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Општина Центар вчера осамна излепена со плакати на кои стои:

timthumb (65)

ИСЧЕЗНАТ Андреј Жерновски
Роден: 26 ноември 1968 во Скопје, Боја на очи: кафена, Боја на коса: кафена, Последен пат виден: Локални избори 2013.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Доколку се најде, да се врати во општината и да го исполни тоа што го вети на граѓаните.

Подметнувањата и креативните политички игри во македонскиот блок отсекогаш биле инспирација, најчесто за граѓанските здруженија или политичките подмладоци. Може да се претпоставува кој стои зад последната акција „Исчезнат Андреј Жерновски“, исто како што беше познато кој стои за претходната кога го со потерници ги бараа  поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

10401961_1657352147817141_3415448758265413460_n-620x826

На потерниците пишува: „ Не го пуштајте да избега од државава! Се бара жив и со парите!“

„Исчезнатиот“ Жерновски, експресно веднаш им одговори на својот ФБ профил

izceznaandrej2
Ааааах бре, памет не ви доаѓа…
Па вакви противници да бирав, не можев да најдам.
Него, што ве мачи, а?