Исчезнат старец од Свети Николе – полицијата трага по него

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин

Исчезнат е старец од Свети Николе, информираа денеска од полицијата.

Во СВР Велес денеска на пладне 52-годишната Б.П. од Велес пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко 76-годишниот Б.М. од Свети Николе, кој привремено престојувал во нејзиниот дом и кој имал здравствени проблеми.

Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информира дека полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.