Исцртани кукасти крстови врз куќи на Роми во Битола!

од Nikola Popovski
338 прегледи

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува случајот со пишување навредливи графити со кукасти крстови и натписи „Ѓупци“, испишани со црн спреј врз куќи на ромско население на улица Дебарска во Битола. Како што велат оттаму, се работи за уште еден случај на злостортво од омраза, со порака кој упатува на повик за насилство кон ромската етничка заедница.

Хелсиншкиот комитет очекува МВР и ОЈО правилно да го квалификуваат ова дело како дело од омраза. Од своја страна ќе поднесеме кривична пријава и во иднина ќе ги следиме сите активности што се преземаат во врска со случајот.

-Соодветната реакција од институциите во вакви моменти е од исклучително значење, бидејќи пропуштањето да се даде ефикасна заштита на жртвите на говорот и делата од омраза може да резултира со обесхрабрување на жртвите да бараат заштита, а охрабрување на сторителите да го повторат делото, стои во реакцијата на Хелсиншки.

Фото: СДК.мк

Слични содржини