Исени: Муса Џафери да бара втора шанса е исто како неговиот побратим Мијалков да се врати во политиката

од Берта Китинска
434 прегледи

Дваесет истакнати членови од ДУИ го обвинија првиот вицепремиер Артан Груби за самоволие, барајќи од лидерот да ја запре внатрепартиската „војна“ .Ахмети на повиците кои беа упатени од „Огнената група“ појасни дека партијата има поставено стабилни структури кои можат да функционираат дури и без него.

Политиколог Џенур Исени, во разговор за „Локално“ вели дека лидерот на интегративците во вчерашната изјава практично кажал дека „партијата ја дава, но Артан Груби не го дава“.

-Ахмети е незаменлив во ДУИ, кога тој ќе го нема, ќе го нема и ДУИ, потенцира Исени.

Според него личностите кои се потписници на писмото испратено до Ахмети се лица кои ги имаме слушнато во бомбите како договараат смена и именување на судии „буквално како на пазар“.

-Пред да зборуваме за Артан Груби, да зборуваме кои личносто стоеја како потписници во писмото испратено до Али Ахмети. Муса Џафери и Блерим Беџети кои ги слушнавме во бомбите како договараат смена и именување на судии буквално како на пазар. Изет Меџити кои во времето кога беше градоначалник уништи се што имаше во Чаир. Јавниот простор во таа општина го направи каша попара и граѓаните не може да дишат од дивоградбите, и Висар Ганиу кој е еден од најслабите градоначалници во Македонија кој не реализирал ниту едно ветување дадено во предизборната кампања. Речиси сите потишани во групата биле на позиции кој во влада кој во локалната власт, познати и се и на електоратот на ДУИ и на јавноста, така да „Огнената група“ е дегутантна, смета политикологот.

Тој потенцира дека сопартиците на Груби кои се потпишале не разбираат што значат зборовите: „Одговорност и одговорност за дадениот збор“.

-Се согласувам дека Груби е арогантен, ама тие пак се веќе истрошени. Според мене, Муса Џафери да бара втора шанса е исто како неговиот побратим Мијалков да се врати во политиката. Нека биде среќен што не заврши како него. Лошата работа во оваа ситуација е што некои од луѓето кои се потпишале на оваа листа не разбираат што значат зборовите: „Одговорност и одговорност за дадениот збор“, подвлекува Исени, додавајќи дека оваа внатрешна борба „предизвикува да се изгубат себеси и целата држава“.

– Онаму каде што луѓето се алчни за лично богатство доаѓаат на чело на јавните работи убедени дека можат да прават што сакаат, не е можно да се има добра влада, бидејќи меѓу себе се борат кој ќе ги преземе конците во свои раце и оваа внатрешна војна предизвикува да се изгубат себеси и целата држава, потенцира политикологот.

Без секого се може

Ахмети внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој самиот инсистира веќе 20 години.

-Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка, рече Ахмети

За барањето на потписниците на писмото Ахмети да го врати единството во партијата, лидерот на интегративците вели дека ова не е нешто ново.

Внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој самиот инсистира веќе 20 години

-Во овие 20 години колку што јас ја водам партијата, секогаш имало незадоволство, дебати и секогаш сум бил отворен за предлози и мислења, и никој не отишол на гилотиња за различно мислење , вели Ахмети.

Б.М.

Слични содржини