Исхрана со зелен чај

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Секојдневното пиење на зелен чај е одличен начин да се поттикне вашиот метаболизам и да го симнете вишокот килограми. Диетата со зелен чај помага во слабеењето, ја блокира апсорпцијата на јаглените хидрати и помага во согорувањето на масните депоа во телото.197b6eae230b1436422bfd9fad8f3458

Зелениот чај е моќен антиоксидант кој помага не само во слабеењето, но штити и од голем број на болести, вклучувајќи малигни тумори.

Во комбинација со умерениот режим на вежби и зелен чај може да се постигнат исклучително добри резултати за својата фигура. Еве како:

1. Започнете го секој ден со зелен чај
Топол или ладен – не е важно. Важно е да се разбудите со зелен чај рано наутро. Испијте една голема чаша зелен чај наместо кафе.

2. Пијте уште една чаша зелен чај пред појадок
Појадокот треба да е околу еден час по будењето од сон. Пред утринскиотоброк испијте уште 250 мл зелен чај или една голема чаша. Тоа ќе ве наполни со антиоксиданси за стимулирање на имунолошкиот систем и метаболизмот.
Покрај тоа, една голема чаша зелен чај пред појадок му овозможува на телото да искористи од високите нивоа на енергија, како и согорувањето на повеќе калории за време на оброците во текот на денот.

3. Пијте зелен чај пред пладне
Пред да пристапите кон вашиот ручек испијте уште 250 мл зелен чај. Во прилог на придобивките од зелениот чај испијте и две чаши вода. Резултатот ќе биде помал обем од апсорбирана храна во остатокот од денот.
Во никој случај не пропуштајте го појадокот или ручекот, бидејќи тоа го забавува метаболизмот!
Чаша зелен чај пред пладневното мени помага за намалување на мастите. Му помага на телото да остане правилно хидрирано.

4. Пијте зелен чај пред вечера
Пред вечера повторно земајте по една чаша зелен чај. Ќе ги забележите истите бенефиции како и кај другите оброци. Минимумот чаши зелен чај на ден треба да е 4. Ако сакате да ја зголемите редукција на тежината, може да си дозволи повеќе чаши зелен чај дневно. Важно е сепак да не се надминуваат 8 чаши.
Тоа е затоа што зелениот чај е природен диуретик и големото количество може да предизвика дехидрација – спротивен на саканиот ефект. Не го игнорирајте внесот на вода за пиење во текот на денот. Таа исто така е неопходна.
Студениот зелен чај го зголемува согорувањето на калории. Затоа заменете го топлиот со студен.