
Оваа сабота сепак ќе се одржи петнаесетиот протест на исклучените од Топлификација. Протест ќе се одржи кај Триумфалната порта, со почеток во 12 часот-информираат револтираните граѓани.
На овој протест ќе заврши акцијата за собирање на потписи за писмата до амбасадите и ќе биде објавено колкав број потписи се собрани. Тоа ќе биде можност граѓаните да ги потпишат овие писма.
„ Бомбата 14″, која ќе биде прочитана на протестот, е посветена на притисокот кој власта го изврши на Народниот правобранител, во април 2012, за да ги попречи неговите напори да ги заштити човековите права на исклучените.