Искрен трејлер за новиот „Aladdin“

од desk2
180 прегледи

Пред една година беше објавен првиот тизер за играната верзија на популарниот анимиран филм од 1992 година – „Aladdin“. Сега откако филмот веќе игра во кината, доби и искрен трејлер.

Култната улога на магичниот дух која во анимираниот филм му припаѓаше на Робин Вилијамс, сега ја толкува Вил Смит.

Британскиот режисер Гај Ричи го напиша сценариото и го режираше новиот „Aladdin“, кој ги оправда очекувањата и стана боксофис хит на Disney.

Покрај Вил Смит, во филмот се појавуваат уште и Наоми Скот, Били Магнусен, Мена Масуд и Насим Педрад.

Екипата на Screen Junkies направи искрен трејлер за филмот што веќе ја освои публиката – и младите, но и оние кои беа деца кога излезе оригиналниот „Aladdin“.