Искршен инвентар и нападнат гостин во скопска кафеана

од Nikola Popovski
374 прегледи

Дошло до тепачка во угостителски објект во Скопје, информираат од МВР.

Според полицискиот билтен, во текот на вчерашниот ден, во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улица „Методија Шаторов – Шарло”, М.К.(28) од Скопје физички го нападнал М.Т.(28) од Скопје, а оштетил и дел од инвентарот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини