Искршена таблата на „Цар Борис Трети“ во Охрид: „Нашиот клуб и нашите активисти беа нападнати“

од Берта Китинска
220 прегледи

Новоотворениот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и понатаму ја бранува македонската јавност.

-Нашиот клуб и нашите активисти во Охрид денеска беа нападнати. Влезот во клубот е уништен. За среќа нема повредени, полицијата е веќе на терен, напишаа на својот Фејсбук профил од здружението „Цар Борис Трети“.

– Околу 12 часот и 45 минути во СВР Охрид пријавено е оштетување на дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“. Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот, информираа од СВР Охрид.

Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот.

Слични содржини