“Исламска држава” преговара со “Ал Каеда” за правење џихадистичка унија

од Vladimir Zorba
93 прегледи

“Исламска држава” преговара со “Ал Каеда” за евентуален сојуз, додека ирачките владини сили го стегаат обрачот околу џихадистичките борци во Мосул, изјави ирачкиот потпретседател Ајад Алави, цитиран од агенциите. Алави рече дека има информации од ирачки и регионални извори за ова прашање.

“Преговорите почнаа”, рече тој. “Во тек се преговори и дијалог меѓу претставниците на лидерите на двете организации Багдади и Завахири.” “Исламска држава” се отцепи од “Ал Каеда” во 2014 година и оттогаш двете групи водат битка за нови засилувања и финансирања, како и за тоа кој да го претставува глобалниот џихад.

Лидерот на “Ал Каеда” јавно го критикуваше ИД за жестоките методи, вклучувајќи бесење, давење и палење на противниците. Не е јасно засега како двете групи би можеле да дејствуваат заедно, изјави ирачкиот потпретседател.

Во октомври минатата година ирачките војници со помош на шиитски волонтери и меѓународната коалиција на чело со САД почнаа офанзива за исфрлање на ИД од Мосул и реоните околу него.

Џихадисти беа избркани од половина град, но ирачките воени и нивните сојузници се вклучени во жестоки улични битки по улиците на Стариот град. ИД користи самоубиствени напади, снајпери и вооружени дронови за да ја брани територијата под нејзина контрола, ао често напаѓа цивили или ги користи како живи штитови.

Групата ги загуби позиции во Мосул, но се уште ги контролира градовите како Хаим, Хауиджа и Тал Афар во Ирак, како и Ракка во Сирија. Дури да биде истуркани целосно од Ирак, според потпретседателот Алави ИД едвај ќе испари во воздухот. “Тие ќе продолжат да се кријат во заспани клетки и ќе го распрснат отровот во целиот свет”, рече тој.