Варварите од “Исламска држава” нанесоа учте еден  удар по историјата на христијанството во Ирак, користејќи експлозив за да го уништат манастирот Мар Бенам, кој потекнува  од 4 век по Христа. Древната зграда изградена од асирскиот крал Сенкареб (Senchareb) пред околу 1.600 години, се наоѓа во област  претежно населена од христијани  во градот  Бахдида кој се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од бастион на исламистите – град Мосул.

исламисти бомба

Локалните споделија слики по  социјалните мрежи  на огромна  експлозија, со кој бил урнат  древниот манастир. Злосторствата против човечката историја и култура подоцна беше потврдено и од курдски новинар, запознаен со текот на настаните во градот. Манастирот Мар Бенам беше осовоен од “Исламска држава” минатиот јули за време на масовната офанзива, во рамките на која исламистите поставија под своја контрола голем дел од северен Ирак. Монасите од божјата обител, посетена од илјадници верници секоја година, беа принудени да избегаат.

Слични содржини