Исламската држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Терористичката организација Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад пред зградата на авганистанското министерство за надворешни работи во Кабул.

AMAQ, пропагандниот медиум на ИД, на Телеграм објави дека член на нивната организација „успеал да го помине контролниот пункт“ на талибанците и „потоа го активирал својот експлозивен појас меѓу персоналот и чуварите додека тие излегувале низ главниот влез“ на министерството, убивајќи повеќе луѓе.„вклучувајќи дипломати“, пренесоа агенциите.

Полицијата соопшти дека во нападот загинале пет лица, а извор од министерството за информации претходно изјави дека животот го загубиле 20 лица.

Слични содржини