„Исмејана грдата блокада на С. Македонија од Бугарија“

од Берта Китинска
347 прегледи

Не знаеш дали да се смееш или плачеш поради хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија, објави денеска премиерот на Албанија Еди Рама на Твитер откако на самитот во Солун ја нарече Северна Македонија Западна Бугарија, на што се насмеа премиерот Димитар Ковачевски.

Лавина од реакции предизвика моментот кога албанскиот премиер, Еди Рама на германскиот канцелар Олаф Шолц му го претстави Димитар Ковачевски како „премиер на идна Западна Бугарија“.

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис по самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) на кој присуствуваа лидерите од регионот, како и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, организираше коктел за учесниците, на кој присуствуваше и македонскиот премиер – Димитар Ковачевски.

На снимки од коктелот, кои ги пуштија грчките медиуми, може да се слушне како Мицотакис на Шолц му го претставува Ковачевски како премиер на Северна Македонија.

Потоа сепак од позадина доаѓа албанскиот премиер, Еди Рама кој, на шега, кажа дека Ковачевски е премиер на државата која во иднина ќе биде Западна Бугарија.

Сарказам за Бугарија и иронија со Европската унија значела шегата на албанскиот премиер, Еди Рама кога пред германскиот канцелар Олаф Шолц го претстави македонскиот премиер Димитар Ковачевски како премиер на идна Западна Бугарија.

-Тоа е сарказам за Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална – изјавиja за ТВ21 од кабинетот на премиерот Еди Рама.

“Срам на меѓународната арена“

Смеењето на премиерот Димитар Ковачевски и тоа што не постапи поинаку во однос на шегат ана премиерот на Албанија, Еди Рама, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ е “срам на меѓународната арена“, затоа освен извинување бараат Ковачевски да си поднесе оставка.

Но од партијата на премиерот, СДСМ, сметаат дека токму Мицкоски треба да си даде оставка бидејќи, како што велат, едно зборува дома, а друго кога е надвор од земјава. Го спомнаа неговото учество на Конгресот на европските народни партии каде според СДСМ, е усвоена резолуција која ги поддржува ставовите на Бугарија и е спротивна на усвоената Декларација во Собрание за позициите и црвените линии на Македонија.

Слични содржини