Тома Гонол е категоричен дека Марин нема шанси на претседателските избори во Франција
Политикологот Тома Гонол е убеден дека екстремнодесничарскиот лидер на Националниот фронт – Марин Ле Пен, нема шанси во вториот круг од претседателските избори во Франција во април. Ова го изјави тој во интервју за американската “Си-Ен-Би-Си” во Париз. “Сакам да бидам максимално јасен за странците и поконкретно за инвеститорите .
Дури и коза ќе победи на вториот круг против Марин Ле Пен”, категоричен беше аналитичарот. Гонол појасни дека многу Французи се “алергични” кон десничарските и ќе се обединат на евентуален втор круг, за да направат Ле Пен да не стане претседател. Првиот круг се очекува да биде освоен од страна на лидерот на Националниот фронт со околу 27% од гласовите, но анкетите покажуваат дека потоа таа ќе отстапи кон центристот Емануел Макрон.