Исповед на Серена: Речиси ќе умрев при породувањето

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Поранешната бр.1 во тенисот кај дамите, Серена Вилијамс откри дека замалку не умрела за време на раѓањето на својата ќерка Алексис Оханијан во септември. 36-годишната Американка се врати на теренот пред недела дена, откако учествуваше во натпреварот во двојки на „Дејвис Купот“ со нејзината сестра Винус.

Вилијамс имаше амбиции да биде повторно на теренот уште на Австралија Опен, но тоа не се случи, а потоа 23-кратната Гренд слем шампионка откри за сериозните проблеми при породувањето.

„Имам среќа што преживеав“, напиша Серена во емоционална статија на „CNN“.

„Мојата ќерка е родена со царски рез, откако нејзиниот срцев ритам драстично се намали за време на контракциите. Операцијата заврши добро. Но, она што следеше само 24 часа по раѓањето беше 6 дена несигурност“, вели Серена.

Претходно, Вилијамс изјави дека останала во кревет 6 недели по раѓање.

„Се започна со белодробната емболија, што е состојба во која една или повеќе артерии во белите дробови се блокирани поради згрутчување на крвта. Поради мојата медицинска историја со овој проблем, живеам во страв од оваа ситуација. Значи, кога снемав воздух, не чекав долго пред да ги предупредам сестрите“.

„Раната од царски рњз првпат се отвори поради интензивната кашлица, што ја имав како резултат на емболијата. За време на операцијата, лекарите најдоа голем хематом во мојот стомак, и подуеност од крвни згрутчувања. Кога конечно се вративме дома кај моето семејство мораше да ги поминам првите 6 недели од мајчинството во кревет“.

„Многу сум благодарна што имав на располагање толку неверојатен медицински тим од лекари и сестри во болница со првокласни услови. Тие знаеја точно како да се справат со овој комплексен развој на работите. Ако не беше нивната професионална грижа, немаше да бидам тука денес“, заврши тенисерката.

Слични содржини