Испукани ѕидови на згради и куќи: Видео од вчерашниот земјотрес во Битола

од Берта Китинска
318 прегледи

Синоќешниот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Лерин, беше најмногу почувствуван во Битола, иако потресот беше почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Прилеп, Струмица и други градови.

Има испукани ѕидови на згради и куќи. Голем број Битолчани ноќта ја минаа на отворено откако по земјотресот имаше афтершокови.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за денес во 11 часот, закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав.

На состанокот главниот акцент ќе биде ставен на две точки:Првата, состојбата во Битола после вчерашните серија земјотреси и Втора точка, состојбата со Ковид-19 во Битола.

На состанокот ќе бидат разгледани и дополнителните мерки кои може да бидат преземени од страна на штабот за заштита и спасување на Општина Битола по однос на наведените две точки.

Слични содржини