257
Поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зекири, на 15 декември ќе седне на обвинителна клупа, за кога е закажано првото рочиште, по обвинението поднесено против него за злоупотреба на службената положба и овластување.
Судскиот процес ќе го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска. Истата судијка во моментов му суди и на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски.
Според обвинението, Зекири одговара дека како генерален секретар на владата во четири очи склучил договори за консултантски услуги за анализа на состојбите во пошта и железница. Поточно, обвинет е дека го оштетил државниот буџет за над милион евра.