Истечена презентација открива многу за Huawei Mate 20 и Mate 20 Pro

од Vlatko K
103 прегледи

Неколку недели пред претставувањето на Huawei Mate 20 и Mate 20 Pro израелскиот сајт Girafa откри многу детали за нивните карактеристики и објавува слајдови со информации од презентација, најверојатно за внатрешна употреба. Според публикацијата, Mate 20 и Mate 20 Pro ќе предложат батерии со капацитет соодветно 4000 и 4200 mAh, кои ќе можат да се полнат брзо преку технологијата SuperCharge 2.0 – таа би требало да наполни 70% од капацитетот на батеријата на Mate 20 Pro за само 30 минути. Во двата модели, исто така, очекуваме брз бежичен полнеж од 15W.

Како и P20 Pro, двата уреди ќе понудат тројна главна камера, но според страницата ќе се смени и ќе понуди нов широкоаголен објектив. Камерата во Маtе 20 веројатно ќе има помала резолуција. За селфи, двата телефони најверојатно ќе понудат 24МP камери, а Pro моделот ќе биде опремен со 3D систем за откривање на лице и вграден сензор за отпечатоци. Поевтиниот уред ќе има стандарден сензор на задниот панел.

Според еден од слајдовите, камерата ќе понуди функција за паметен зум AI која ги препознава предметите што се движат и автоматски ќе ги следи и ќе се фокусира на нив. Оваа опција неодамна беше откриена во информација за софтверот, заедно со режимот за подводна фотографија. Друга нова функција ќе биде HiVision, која, како Google Lens, ќе може да препознае текст, објекти, предмети и обележја.

Сајтот открива дека само Mate 20 Pro ќе има стерео звучници, но и двата уреди ќе поддржуваат нова Nano SD мемориска картичка, која е помала од MicroSD и обезбедува капацитет до 256GB. Поголемиот телефон ќе биде сертифициран по IP67, а IP53 сертификатот ќе остане за помалиот. Интересно, само поевтиниот модел ќе има стандарден приклучок за слушалки. Другите детали вклучуваат систем Bone Voice ID, кој ќе обезбеди отклучување на телефонот со глас дури и во бучна средина и нов Easy Projection режим, кој ќе одржува врска со монитор преку Wi-Fi мрежа.

Конечно, Girafa открива дека двата телефони ќе се појават во Израел во октомври по цена од 3.000 и 4.000 шекели (714 и 952 евра), соодветно. Цената во Европа ќе биде поинаква, но имајте на ум дека Huawei најверојатно ќе ја ограничи дистрибуцијата на Маtе 20 на континентот на сметка на Маtе 20 Про. Официјалната премиера на новиот предводник на кинеската компанија ќе биде на 16 октомври во Лондон.