Фудбалски судија вчера бил претепан на натпревар од општинската лига во Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи. Судијата сам го пријавил немилиот настан во полициска станица.
-Д.Л.(35) од Битола вчера попладне пријавил во СВР Битола дека на фудбалско игралиште во село Горно Оризари, битолско, каде што бил судија на фудбалски натпревар, физички бил нападнат од службено лице од една од екипите, стои во полициското соопштение.
Битолската полиција презема мерки за расчистување на настанот.