Истепан судија после натпревар од детска лига

од Nikola Popovski
264 прегледи

Две лица истепале фудбалски судија после натпревар од детска лига, извести МВР.

Според полицијата, на 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион „Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.