Албанските фудбалери кои настапуваат во Италија повеќе нема да имаат статус на странци, туку ќе се бројат како домашни фудбалери, потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука.
Во Италија моментно играат 13 албански фудбалери, од кои најпознати се Елсеид Хисај (Лацио), Кристјан Аслани (Интер), Берат Џимшити (Аталанта) и Мараш Кумбула (Сасуоло).
Одлуката е донесена откако албанскиот премиер Еди Рама ја посетил Италија.
„Историски момент, добра вест за албанските фудбалери и албанскиот фудбал, која дојде по јануарските преговори со претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина. Извршниот одбор на италијанската федерација донесе одлука албанските фудбалери од сезоната 2024/2025. имаат статус на домашни играчи. Ова е одлична можност за албанските фудбалери кои можат да играат во една од најсилните лиги во Европа“, напиша Дука, претседателот на Албанскиот фудбалски сојуз на социјалната мрежа „Х“.
Ова ќе биде одлична шанса за младите албански фудбалери кои сега ќе имаат подобри можности да играат во некој од познатите италијански клубови.