Еден од копретседавачите на Мешовитата историска комисија меѓу Македонија и Бугарија, Драги Ѓорѓиев денеска информира дека тоа што беше објавено во однос на работата на Комисијата, во однос на содржината на текстовите кои се усвоени за заедничко чествување.
-Не знам од каде е измислена таа конструкција, но апсолутно не е точно што е наведено во некои медиуми со она што е усвоено од страна на самата Комисија за заедничко чествување на цар Самоил. Исто така, Комисијата никогаш не усогласувала текстови за да бидат тие ставени на различни споменици или тврдини. Комисијата усвојува заеднички текстови за заедничко чествување на одредени личности. Веќе два текстови се објавени во јавноста и тоа е она што е направено од Комисијата, информира Ѓорѓиев.
Историчарот повтори дека работата на историската комисија не може да биде дел од процесот на политичките преговори меѓу двете земји.