
За прв пат научници успеаја да го отстранат неисправниот дел од ДНК-материјалот од човечки ембрион, што е причина за наследни срцеви заболувања. И ова е интересно: селектираниот ембрион е добиен по ин витро метод. Револуционерната корекција на генетскиот код ја отвора вратата кон третманот на корекции наследни и преносливи болести, но заедно со тоа поставува и многу етички прашања, бидејќи техниката е слична на онаа што овозможува создавање “бебе со ин витро оплодување” – со параметри поставени од родителите.