„Истрага за аферата со пасошите е започната одамн“: Кој сакаше да направи саботажа?

од Берта Китинска
317 прегледи

Во вчерашната акција беа приведени деветмина вработени во МВР, додека по еден се трага.

Утрово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека еден од од уапсените во аферата со издавањето пасоши на криминалци бил во секојдневен контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ако излезете јавно, со документи, и наместо кај надлежните органи да ги предадете вие ги изнесувате пред граѓаните, тогаш треба да се провери. Ќе кажам само дека еден од приведените е во тесна врска со Мицкоски и имал постојани контакти со него, откри министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто на „Утрински брифинг“.

Тој изјави дека за политички поен ВМРО-ДПМНЕ застанала против државата и граѓаните.

– Ова е истрага започната одамна, во неа се вклучиле странски организации, се вклучил Интерпол. Во еден момент некој излегува во јавноста со брифинг и ја открива акцијата и јас не можам да заклучам друго освен дека тоа е саботажа. За да освои политички поен ВМРО-ДПМНЕ ја издаде акцијата, значи работи против државата и граѓаните.Внатре во МВР кругот сега е затворен, сега ќе има проширување на истрагата, рече Спасовски.

Министерот информираше дека  сумите за  фалсификуван пасош се движеле и до 20 000 евра.

-Сумите за еден фалсификуван пасош се движат и до 20 000 евра. Претходно, пред оваа за пасошите, имавме акција, во која исто така осум колеги беа приведени за фалсификување возачки дозволи за кои наплаќале од 1 500 до 2 000 евра, рече Спасовски.

Спасовски вчера соопшти дека вкупно 215 лица добиле македонски патна исправа со туѓ идентитет, 214 биле странски државјани, а само еден бил наш.Тој вели дека оние што добиле пасоши во еден дел се членови на меѓународни криминални групи и на нарко-картели.

Слични содржини