Истрагата во Англиканската црква: Црквата не успеала да ги заштити децата од сексуалните предатори

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Англиканската црква со децении не успева да ги заштити децата од сексуалните предатори во своите редови и почесто ѝ беше поважно да ја заштити сопствената репутација отколку да се заштитат младите, се вели во резултатите од истрагата објавена денес.

Англиканската црква се извинила поради злоставувањата

Англиканската црква се извинила поради злоставувањата и навела дека ќе извлече поуки од истрагата.

Од 1940-тите до 2018-та година, 390 припадници на свештенството во Англиканската црква или лица на позиција на власт во Англиканската црква беа осудени за злоставување на деца, според Независната истрага за сексуално злоставување на деца, покрената од британската влада во 2014 година.

„Со децении Англиканската црква не успеала да ги заштити децата и младите од сексуални насилници, туку промовираше култура во која сторителите се криеја, а жртвите се соочуваа со бариери што многумина не можеа да ги надминат“, рече професорот Алексис Џеј, шеф на истрагата.

„За да се направат вистински и долгорочни промени, клучно е Црквата да го подобри начинот на кој одговара на обвинувањата за жртвите и преживеаните и да им обезбеди соодветна поддршка на жртвите подолго време“, додаде таа.

Основната грижа на многу членови на високото свештенство било да се зачува угледот на Англиканската црква

Основната грижа на многу членови на високото свештенство било да се зачува угледот на Англиканската црква и честопати обвинувањата не ги пријавувале до властите, поради што полициската истрага беше попречена и некои насилници ја избегнале раката на правдата, се вели во извештајот.

„Извештајот е тежок за читање. Додека извинувањата никогаш нема да ги избришат ефектите од злоставувањето на жртвите и преживеаните, денес сакаме да изразиме дека се срамни настаните поради кои нашите извинувања се неопходни“, рекол во името на Англиканската црква Џонатан Гибс, бискуп од Хадерсфилд.

„Целата Црква мора да извлече поуки од оваа истрага“, навел Гибс.

Извештајот препорачува Англиканската црква во Англија и Велс да започне со финансирање и поддршка на жртвите на сексуално насилство.

Слични содржини