Истраги против дилери на марихуана во Тетово и Велес

од Vladimir Zorba

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот, на 11 октомври, кај осомничените на возраст од 24 и 22 години биле пронајдени вкупно околу 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана и една дигитална вага. За двајцата осомничени јавниот обвинител предложи да биде определена мерка притвор, соопшти денеска Јавното обвинителство.

За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице. Кај осомничениот, кој и претходно е осудуван за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, полицијата во краток период во два наврати пронашла наркотична дрога – марихуана.

Имајќи ги предвид сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложил на судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да определи мерка притвор за осомничениот.

Слични содржини