Истражувања откриваат: Поради овој пијалок ја губите косата

од Vladimir Zorba
475 прегледи

Сè поголем број мажи доживуваат опаѓање на косата, а ново истражување докажа дека прекумерното консумирање на слатки пијалоци е поврзано со машката ќелавост.

Истражувањето го спроведоа научници од Универзитетот Цингхуа во Пекинг и докажаа дека ќелавоста е речиси 30 пати почеста кај мажите кои пијат по еден газиран пијалок, сок или претерано засладено кафе или чај секој ден.

Оние кои консумираат повеќе од еден засладен пијалок дневно имаат 42 отсто поголеми шанси да доживеат губење на косата отколку оние кои не пијат пијалоци со шеќер.

Се разбира, слатките пијалоци не се единствените фактори зад опаѓањето на косата. Менталното здравје и генетиката исто така играат значајна улога, но треба да се внимава на исхраната. Намалете ја пржената храна и вклучете повеќе зеленчук во вашите оброци.

За потсетување, Меѓународното здружение за истражување на матични клетки во Лос Анџелес во 2019 година вели дека во иднина природна коса ќе може да се добива од матични клетки.

„Ова е вистински напредок во развојот на клеточни терапии против опаѓање на косата и во областа на регенеративната медицина“, рече тогаш докторот Алекси Терских.

Слични содржини