361
Бројни студии од угледни универзитети и лаборатории покажаа дека „омикрон“ видот на коронавирусот значително го „избегнува“ имунитетот стекнат по прележан Ковид или по две дози вакцина, меѓутоа, од неодамна е познато и дека е значително поголема веројатноста за реинфекција со „омикрон“, отколку со „делта“ – дури за 5,4 пати поголема.
Според извештајот на Кралскиот колеџ од Лондон, се проценува дека ризикот од реинфекција со „омикрон“ е 5,4 пати поголем отколку со „делта“, објави сајтот imperial.ac.uk.
Британската студија „SIREN“ за инфекции со Ковид кај здравствените работници покажа дека претходната инфекција обезбедила околу 85 проценти заштита за луѓето кои имале КОВИД во претходните шест месеци.