Истражување на јавното мислење кое го спровела Владата покажува дека 11% од граѓаните сметаат дека коронавирусот не постои, додека 3% немаат одговор на ова прашање. Вирусот е реалност за 86 проценти од анкетираните граѓани.
Во однос на тоа кои вакцини се преферираат од граѓаните, најмногу се изјасниле за „Спутник“, а потоа следуваат „Фајзер“ и „Синофарм“.
„Спутник В“ (65%), „Фајзер“ (61%) и „Синофарм“ (50%) се вакцините со највисоки проценти со кои граѓаните би сакале да се вакцинираат. За разлика кај другите три вакцини каде што процентот за вакцинација е помал („Модерна“ – 38%, „Џонсон и Џонсон“ – 36% и „АстраЗенека“ 34%).
Анкетата за потребите на Владата ја спроведе „Индаго“ телефонски, врз репрезентативен примерок од 1.100 испитаници кон средината на март.