Истражување: Македонците и Бугарите најчесто „паѓаат“ на лажни вести

од Nikola Popovski
129 прегледи

Бугарија е последна меѓу земјите-членки на ЕУ во рангирањето на Индексот на медиумска писменост за 2022 година. Нашиот источен сосед е на 33 место во студијата подготвена од Институтот отворено општество – Софија во рамките на Иницијативата за европски политики, пренесе „BGOnair“.

Таа го проценува потенцијалот за отпорност на лажни вести во 41 европска земја користејќи индикатори за слободата на медиумите, квалитетот на образованието и довербата на јавноста.

Финска, Норвешка, Данска и Естонија се земјите кои имаат најголем потенцијал да се спротивстават на негативното влијание на лажните вести и дезинформациите.

На дното на рангирањето, Грузија го зазема последното 41 место, а претходат Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија, прецизира „24 Часа“.

Образованието е суштинска компонента во борбата против лажните вести. Се верува дека пообразованите луѓе се поинформирани, повеќе критички мислители и помали се шансите да „паднат“ на лажни вести.

Слични содржини