ИСТРАЖУВАЊЕ: Објавено колку проценти од вакцинираните повторно се заразиле со Ковид-19

од Nikola Popovski

Прелиминарните податоци објавени од ХМО Макаби, втора водечка агенција за осигурување во Израел, покажуваат дека помалку од 0,01 процент, или само 20 од вкупно 128 600 лица кои ги примиле двете дози на Фајзер, се заразиле со коронавирус по нешто повеќе од една недела.

Израел во моментов е меѓу светските лидери кога станува збор за брза кампања за вакцинација против коронавирус. Граѓаните започнаа да ги примаат првите дози на вакцината на 19 декември.

Секоја недела, Израелците испраќаат информации за кампањата за вакцинација, во согласност со договор за соработка што може да им помогне на другите земји да ги прилагодат сопствените начини и темпото на вакцинација.

Експертите на ХМО Макаби соопштија дека ова се прелиминарни податоци, но дека бројките се охрабрувачки.

Од 20-те заразени, половина страдале од хронични заболувања. Сите покажале само благи симптоми, како што се главоболка, кашлица, општа слабост и замор, но никој од вакцинираните не бил хоспитализиран или имал температура повисока од 38,5 степени Целзиусови. Повеќето се тестирани на коронавирус преку контакт со лице со потврдена инфекција.

Анат Ека Зохар, директор на Одделот за информации и дигитално здравје при ХМО Макаби, рече дека службата ќе продолжи да ги следи истите пациенти за да утврди дали тие сè уште имаат само лесни симптоми или можат да развијат некои компликации.

Повеќе од 2,6 милиони Израелци ја примиле првата доза на вакцината досега, а околу 1,2 милиони се вакцинирани со обете. Израел има околу 9 милиони жители.

Израелските власти објавија околу 600 000 случаи на инфекција со коронавирус и 4,478 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Анат Ека Зохар, директор на Одделот за информации и дигитално здравје при ХМО Макаби, рече дека службата ќе продолжи да ги следи истите пациенти за да утврди дали тие сè уште имаат само лесни симптоми или можат да развијат какви било компликации.

Повеќе од 2,6 милиони Израелци ја примиле првата доза на вакцината досега, а околу 1,2 милиони повеќе ги примиле двете дози. Израел има околу 9 милиони жители.

Од почетокот на пандемијата, израелските власти досега пријавиле околу 600 илјади случаи на коронавирус во земјата, а како резултат на вирусот починале 4.448 лица.

Слични содржини